
Погребот на Жота и неговиот брат ќе се одржи в сабота!
Погребот ќе почне во 8 часот по локално време, објави свештеникот Хозе Мануел Масадо, а на истиот се очекува да присуствува и португалскиот претседател Марцело Ребело Де Соуза.
Жота и неговиот брат загинаа во ноќта меѓу среда и четврток во сообраќајна незгода, откако со автомобилот излетале од пат, а потоа возилото се запалило.
Фото: Facebook/Liverpool FC