Алонсо го најде наследникот на Модриќ, но трансферот делува како - невозможна мисија!

Реал Мадрид наскоро ќе се раздели со хрватскиот фудбалер Лука Модриќ, а тренерот Чаби Алонсо веќе почна со потрагата по негов наследник и „Дефенса Сентрал“ пишува дека изборот паднал на Витиња од ПСЖ.

Витиња е еден од најдобрите фудбалери во светот и му помогна на ПСЖ да го крене пехарот во Лигата на шампиони (ЛШ), па поради тоа привлече голем интерес од „кралевите“, но шпанскиот гигант нема лесно да го добие неговиот потпис.

Вредноста на Витиња се проценува на околу 80 милиони евра според „Трансфермаркт“, но дополнителен проблем е тоа што има договор со парижаните до 2029 година, па нема да бидат лесни преговорите меѓу двете екипи.

Фото: Facebook/Real Madrid C.F.