Доктор Гонсалвес откри што правел Жота пред несреќата: Доста е со овие грозни лаги!

Смртта на португалскиот фудбалер Диого Жота предизвика тага во целиот свет, а на интернет се појавија различни приказни за последните часови пред несреќата во Шпанија.

Доктор Мигуел Гонсалвес откри што правел Жота и неговиот брат пред да тргнат на пат кон Англија.

„Се збогував со Жота и неговиот брат околу 20.30 часот. Андре реши да тргне со него. Сакаа да поминат повеќе време заедно. Тргнаа вечерта затоа што не сакаа да патуваат на топло време. Ми кажа дека ќе патуваат околу осум часа, а потоа ќе одморат во хотел. Диого беше професионалец. Требаше да стигне во Сантандер, да се качи на брод и да тргне кон Англија. Во понеделник имаше закажани медицински прегледи. Морам да бидам јасен за некои работи, доста е со овие грозни лаги. Диого и Андре не биле на забава пред несреќата“, вели докторот.

Фото: Facebook/Chelsea Football Club