
Вимблдон ќе ги прекрши строгите правила за да му оддаде почит на Жота
На Вимблдон тенисерите мораат да се придружуваат до белиот дрес-код, меѓутоа сега ќе биде направена отстапка со цел да се оддаде почит на еден од најдобрите фудбалери во Премиер лигата.
Како што е познато, Жота животот го загуби во сообраќајна несреќа во Шпанија заедно со неговиот брат, а прв кој потврди дека ќе настапи со црна лента беше португалскиот тениер, Франциско Кабрал.
„Диого не беше само спортска икона во Португалија, туку и посебна личност. Моите мисли се со неговото семејство. Ова е тежок момент за сите нас“, порача Кабрал.
Посебна почит на Жота ќе му оддаде и Ливерпул кој потврди дека ќе го повлече од употреба дресот со број „20“ кој го носеше португалскиот фудбалер.