Навивачите на Евертон заборавија на ривалството – во чест на Жота се поклонија пред „Енфилд“! (ВИДЕО)

Фудбалскиот свет денеска го погоди тажната вест за смртта на Диого Жота и неговиот брат Андре Силва, а навивачите на Евертон покажаа дека во вакви моменти знаат да дадат поддршка и на најголемиот ривал.

Неколку часа по веста за смртта на Жота навивачите на Ливерпул започнаа да се собираат пред „Енфилд“ каде што оставаа свежо цвеќе и дресови со што оддаваа почит на својот миленик.

Но, помеѓу навивачите на „црвените“ имаше и навивачи на нивниот најголем градски ривал, Евертон кои покажаа дека во вакви моменти, ривалството треба да се заборави.