Судбина: Жота брзал на брод кон Англија, од Ливерпул му кажале да не лета!

Португалскиот фудбалер Диого Жота загина во сообраќајна незгода заедно со неговиот брат Андре Силва, а новинарот Руи Лоура од „Си-Ен-Ен Португалија“ објави дека тој брзал да стигне на брод кон Англија, откако медицинскиот тим на Ливерпул му кажал да не лета со авион.

Жота требало да стигне на првиот собир на англискиот шампион, меѓутоа на пат кон крајната дестинација му се дупнала гумата на Ламборгинито по која се случила трагедијата.

Фудбалерот на Ливерпул имал операција на белите дробови пред неколку недели, поради што не смеел да лета со авион, па поради тоа требало да патува со брод до Англија.

„Операцијата на белите дробови е причина поради која Жота не смеел да лета со авион. Поради тоа тргнал кон шпанско пристаниште и со брод требаше да замине за Велика Британија“, објави новинарот Руи Лоура од „Си-Ен-Ен Португалија“.

Фото: Facebook/Chelsea Football Club