Не им оддолеа на петро-доларите: Најдобриот стрелец во Серија А се сели во С. Арабија!?

Саудискиот клуб Ал-Кадисија подготвува понуда од 60 милиони евра за Матео Ретеги, напаѓачот на Аталанта и најдобар стрелец во минатата сезона од италијанската Серија А, понуда која треба да биде официјализирана до крајот на неделата.

Клубот од Саудиска Арабија претходно се обиде да ангажира други офанзивци со позвучни имиња, како Моисе Кин, Рикардо Орсолини и Џонатан Дејвид, но сите тројца ги одбија нивните понуди.

Ретеги се истакна со блескава форма во сезоната 2024/25, постигнувајќи 25 голови во 36 натпревари за Аталанта, со што го осигура првото место на листата на стрелци во италијанското првенство.

ФОТО: X / @Atalanta_BC