Мечот на Надал во Рим прекинат поради драма на трибините (ФОТО)

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал го загуби првиот сет од Зизу Бергс, додека на почетокот на вториот сет следеше прекин поради драма во публиката.

Надал при резултат 0-0 го предупреди судијата дека навивач на трибините не се чувствува добро, по што интервенираше медицинска помош.

Натпреварот беше продолжен по пауза од 10 минути, а Надал влезе во ритам и освои три гема по ред.