Лидс имаше кошмарна ноќ: Лестер е прв повратник во Премиерлигата

Чемпионшип-лигата е пред самиот крај, а веќе е познат еден од тимовите кои следната сезона ќе играат во Премиерлигата, и тоа е Лестер сити кој обезбеди место во елитата благодарение на Лидс.

Лидс во претпоследното коло од првенството доживеа дебакл против КПР (0-4) и со тоа си го искомплицира сигурното место за враќање во елитата, па ќе мора да се надева на кикс на Ипсвич кој исто така е во трка за првите две позиции.

Лестер по 44 одиграни меча е прв со 94 бодови, по што следи Лидс со 45 одиграни средби и 90 бода, а трета е екипата на Ипсвич со 89 бода кои ги освоија по 43 натпревари.