Во Баерн Минхен бесни на судиите – од брзоплетост им поништија чист гол (ВИДЕО)

Фудбалерите на Реал Мадрид се пласираа во финалето од Лигата на шампионите, каде што ќе играат против Борусија Дортмунд, откако вечерва во драматична средба со фантастичен пресврт на домашен терен го совладаа Баерн Минхен со 2-1.

„Кралевите“ со двата гола на Хоселу во 88. и 90. минута стигна до голем пресврт, откако претходно Алфонсо Дејвис му донесе водство на гостинот. Германците на крајот имаа шанса да се вратат „дебело“ во судиското продолжение, но во тоа беа спречени од брзоплетоста на судиите.

Де Лихт погоди во 104. минута, но помошникот судија уште а стартот на акцијата го крена знаменцето за офсајд по што Марчинијак веднаш досуди недозволена, без да дозволи акцијата да заврши па доколку подоцна има потреба да биде проверено се со ВАР. А, првичниот впечаток е дека немаше офсајд и дека ако немаше реакција Баерн Минхен ќе дојдеше до вториот погодок.