Ужасно полувреме за Македонија - има минус четири против Фарски Острови!

Македонската ракометна репрезентација одигра лошо прво полувреме на гостувањето кај Фарски Острови (14-18) во првиот бараж натпревар за пласман на Светското првенство (СП) во 2025 година.

Фарски Острови тргна офанзивно во натпреварот и лесно стигна до предност од 7-2, по што Македонија влезе во мини-серија и намали на 5-7, но потоа следеа неколку промашувања од нашите ракометари.

Во последните 10 минути од првото полувреме со водство влезе Фарски Острови (11-8), а потоа искористи и неколку наши грешки, но и исклучувања за да зголеми на 14-9.

Македонија се трудеше да ја врати неизвесноста, но домаќинот стигна и до шест гола предност (17-11), но македонските ракометари потоа преку Кузмановски и Лазаревски успеаја да намалат на 14-18.