Галевски: Го заслуживме ова, цела година трениравме напорно

Најубавата приказна од завршницата на Купот на Македонија во ракомет, на индивидуален план, ја напиша голманот на Алкалоид, Иван Галевски кој е и еден од најзаслужните што неговиот тим првпат во историјата го освои големиот пехар.

Во полуфиналето тој го одбрани ударот од седум метри на Срдановиќ со истекот на времето, а вечерва процени два пенала во серијата која го одлучуваше победникот. За тинејџер како Галевски не постои поубав начин да ги потврди прогнозите дека му претстои блескава кариера.

„Нормални се осцилациите кај нас бидејќи имаме млад тим, но останавме максимално сконцентрирани и повторно тоа беше клучен фактор за нашата победа. Знаевме дека не очекува неизвесен натпревар бидејќи Пелистер е одлична екипа, но ете, среќата беше на наша страна. Го заслуживме ова, напорно тренираме цела година, посветени сме максимално и мислам дека овој наш успех не е случаен“, рече 19-годишниот голман.