Преговорите започнале: Икарди е пред враќање во Серија А
Аргентинецот длабока трага во текот на својата кариера во Сампдорија и Интер, каде што беше и капитен пред заминувањето во Пари Сен Жермен. Четирите години во Галатасарај не беа малку, но ова лето му истече договорот со турскиот гигант и сега бара нов ангажман.
Има 33 години и секако дека може многу да помогне, а во моментов најинтензивни се разговорите со Лацио. Се очекува во преговорите наскоро да се вклучи и Џенаро Гатузо и директно да разговара со Мауро, по што дефинитивно ќе биде познато дали темпераментниот напаѓач ќе го облече дресот на римскиот клуб.
Во најсилното италијанско првенство, Икарди зад себе има 219 натпревари во кои постигна 121 гол.