Агусто со страшен гол го врати Интер во живот по шокот од Удинезе (ВИДЕО)

Eфикасен и интересен почеток гледаме на натпреварот помеѓу Интер и Удинезе каде што по нешто повеќе од половина час се постигнаа дури четири погодоци.

Удинезе го изненади Интер со два гола во деветата преку Абанквах и 16-тата кога стрелаше Екеленкамп. Фаворитот во игра се врати десет минути подоцна кога Карлос Агусто постигна фантастичен гол со вистинска „бомба“ во стилот на својот соиграч Хакан Чалханоглу.

Веќе во 35-тата минута Интер и го израмни резултатот со голот на Барела.