На повидок сензационален трансфер: Рамос за првпат може да заигра во Премиер лигата?!

Шпанскиот дефанзивец Серхио Рамос кој има 40 години преговара со Астон вила и би можел за првпат во кариерата да заигра во англиската Премиер лига, пишуваат шпанските медиуми.

Рамос е слободен играч од декември 2025 година, а клубот од Бирмингем итно бара решение за одбраната, која е ослабена поради повреди, во услови на лош старт на сезоната. Според информациите медиумите трансферот е блиску до реализација, а лекарските прегледи се очекува да бидат извршени следната недела.

Преговорите се интензивирале по поразот од Нотингем форест, натпревар на кој се повредија двајца дефанзивци од тимот на Унаи Емери. Шпанскиот стопер Пау Торес мораше да го напушти теренот во првото полувреме поради проблеми со задната ложа, додека Јан Матсен беше заменет пред крајот на натпреварот поради повреда на зглобот.

Таквата ситуација го принудила тренерот Унаи Емери да побара решение надвор од преодниот рок, што е возможно бидејќи Рамос е слободен играч. Клубот може да го регистрира доколку има слободно место на списокот на играчи за натпреварувањата.

Астон вила во првите четири кола нема победа, забележа три порази и едно реми, со само еден постигнат гол. Рамос би бил нова опција во одбраната, каде што Емери во овој момент ги ги има Тајрон Мингс, Виктор Линделoф и Тејлор Харвуд-Белис.