Ѓорческа запрена во првото коло во Љубљана

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа беше поразена во првото коло на турнирот ВТА 125 во Љубљана.

Македонската тенисерка загуби од Романката Мариам Булгари со 2-1 во сетови (6-4, 1-6, 6-2) за 2 часа и 15 минути игра.

Романската тенисерка во првиот сет направи еден брејк и тој се покажа како доволен за да го освои сетот со 6-4. Ѓорческа во вториот заигра многу подобро и на противничката и препушти само еден гем.

Сепак во решабачкиот сет Булгару одново го крена своето ниво и поведе со 3-0, Ѓорческа се врати до 3-2, но тука застана и следните три гема ги освои Булгару за конечна победа.

Следната недела Ѓорческа ја очекува турнир во Анкара.