Мојсов дојде во Земун и тимот првпат не загуби по седум порази во низа!
На клупата на Земун, Мојсов го наследи Милан Куљиќ и неговата задача ќе биде да го задржи тимот во најсилното друштво што нема да биде лесна задача.
Во Македонија, Мојсов успешно ја водеше екипата на Тиквеш каде што како прв тренер работеше од септември 2022 година до октомври минатата година.
Со Земун денеска во првиот натпревар ремизираше против Радник Сурдулица на свој терен и ова беше прв освоен бод за Земун по седум порази во низа во српското првенство. Тимот во овој момент е последен на табелата со само два бода од девет кола.
Долго време против Радник Земун имаше и водство со автоголот на Лазиќ во 29-тата минута, ремито за гостите го обезбеди Новаковиќ на 20-тина минтуи пред крајот.