Maлен и понатаму блеска, Рома остана перфектна, победи и Комо (ВИДЕО)
Рома остана перфектна и по четири одиграни натпревари, а повтовно еден од најзаслужните кај „волчицата“ беше Мален кој го постигна голот за водство во првото полувреме.
Се играше 40-тата минута од средбата кога Холанѓанецот одлично се снајде и со добра реакција го совлада противничкиот голман. За Мален тоа беше и негов шести гол во првенството со што е најдобар стрелец во Серија А.
Во продолжение Рома беше подобар тим на теренот, упати повеќе удари, меѓутоа и домашниот состав знаеше на моменти да се закани, но остана без реализација. Точка на дуелот стави Писили кој стрелаше во третата минута од судиското продолжение.
Третата пбеда од почетокот на сезоната ја забележа Комо кој на свој терен ја доби Парма со 2-1. Комо го отвори резултатот преку Рамон во 23-тата минута по асистенција на Нико Паз. За преостанатите два гола се чекаше финишот.
Тогаш Калки прво се погрижи за 2-0 за домашниот состав, додека Ромеро во последните моменти постигна само утешен гол за гостите.
Колото во Италија ќе биде затворено вечерва со натпреварот од 20:45 часот помеѓу Интер и Удинезе. „Нераѕурите“ со триумф би се придружиле на Рома како две единствени екипи со максимален учинок.