Сантос формираше интересен тандем, потпиша со Кутињо (ВИДЕО)
Бразилскиот гигант и официјално го потврди ангажманот на Бразилецот преку социјалните мрежи.
„Сантос го финализираше трансферот на Филипе Кутињо до крајот на сезоната. Со своите препознатливи технички способности и одличен преглед на играта, како и со успешната кариера во Европа и бразилската репрезентација, овој играч за врска му се приклучува на Сантос со договор кој важи до крајот на 2026 година. Добредојде во кралството на фудбалот, Кутињо. Покажи што знаеш“, објави Сантос.
Кутињо исто така ја даде првата изјава по комплетирањето на трансферот.
„Во периодот кога го напуштив Васко, не се чувствував добро. Тоа беше многу чувствителен момент, една од најтешките одлуки во мојата кариера и животот. Морав да го ставам здравјето на прво место, и токму тоа го направив. Го искористив времето надвор од фудбалот за многу да размислувам, да се преиспитам и повторно да се поврзам со едноставните работи во животот. Тоа ме направи посилен, па сега се чувствувам силно и подготвено за враќање на фудбалот“, искрено раскажа Кутињо.