Голеада на Интер и Удинезе, шампионот до победа со пресврт (ВИДЕО)
Натпреварот во Милано имаше изненадувачки почеток, гостите од Удине во почетните минути постигнаа два гола и поведе со 2-0. Прво Абанквах го отвори резултатот во деветата минута, а потоа во 16-тата стрелаше и Екеленкамп.
Интер во игра се врати десет минути подоцна со една „бомба“ на Карлос Агусто. До крајот на првиот дел фаворитот и го израмни резултатот со гол на Николо Барел.
Со по два гола на двете страни се замина на паузата. Интер во вториот дел беше многу подобар противник, доминираше на теренот и постигна уште три погодоци. За пресврт се погрижи Маркус Турам во 57-та минута, а во 67-та минута кога Еспозито постигна гол стана јасно дека бодовите ќе останат во Милано.
Петиот гол во мрежата на гостите падна на десетина минтуи пред крајот кога Бони го постигна првиот гол сезонава во Серија А. Удинезе до крајот успеа само да го ублажи пораз со погодокот на Геје во првата минута од судиското продолжение.
Со овој натпревар беше и комплетирано четвртото коло по кое Рома и Интер имаат по 12 бода, а зад нив следат Комо и Лацио со по десет.