Лидс му одржа лекција на Њукасл и скокна до третото место (ВИДЕО)

Eкипата на Лидс продолжи со добриот старт сезонава во Премиер лигата и славеше убедлива победа со 4-1 над Њукасл за кого ова беше прв пораз.

Натпреварот беше решен уште во првото полувреме кога домашниот систав три пати ја погоди мрежата. Прво Мајли си постигна автогол во 32-та минута, а само две минути подоцна Богл се погрижи за водство од 2-0.

Пред самиот крај на првото полувреме Доминик Калверт-Луин се запиша во листата на стрелци по одличната асистенција од Мухаремовиќ.

Добрата игра на Лидс продолжи и во вториот дел, па така по еден час игра Швајцарецот Окафор стрелаше за 4-0. Конечниот резултат беше поставен во последните моменти од средбата кога Туре погоди само за утеха на гостите.

Лидс по четири кола се наоѓа на третата позиција со осум бода, исто колку што има и Хал. На првите две позиции се Арсенал и Манчестер сити кои се единствени максимални.