Клоп ќе ги повика сите германски фудбалери за своето деби на селекторското столче!?

Новиот селектор на фудбалската репрезентација на Германија, Јирген Клоп, планира да повика невообичаено голем број фудбалери за претстојните натпревари од Лигата на нациите, со цел одблизу да ги анализира сите потенцијални репрезентативци.

Поранешниот стратег на Борусија Дортмунд и Ливерпул ќе го има своето официјално деби на клупата на четирикратните светски шампиони на крајот од овој месец, на гостувањето против селекцијата на Холандија. По премиерниот дуел, распоредот предвидува Германија да одигра два натпревари на домашен терен против репрезентациите на Грција и Србија. Репрезентативниот прозорец за овој циклус ќе биде заокружен со уште еден натпревар против Грците, овој пат на гостински терен.

Ваквиот густ распоред е главната причина за проширениот список на повикани фудбалери. Според информациите на реномираниот новинар Флоријан Плетенберг, Клоп и Фудбалската федерација на Германија веќе ги известиле домашните клубови за оваа стратегија. Новиот селектор лично остварил телефонски разговори со сите фудбалери на кои има намера да смета за претстојните предизвици. Најверојатното сценарио е дека стручниот штаб ќе формира и ќе користи две целосно различни групи на играчи, поделени за двете двојки натпревари, со цел да се зачува свежината и да се тестираат сите расположливи опции.