Пешевски: Ние бевме поискусниот тим, а не го покажавме тоа

Жарко Пешевски беше еден од најдобрите играчи на Пелистер вечерва, прв стрелец на својот тим, но одличната игра не ја круниса со трофеј.

Алкалоид славеше во Купот на Македонија и покрај тоа што не успеа да го запре репрезентативецот, затоа што во клучните моменти имаше некои други херои во својот тим.

„Честитки за Алкалоид, одигра над своите можности. Ние бевме денеска поискусен тим, но не го докажавме тоа. Очајно отворивме и мислам дека тоа беше клучот на нашиот неуспех и покрај тоа што потоа се консолдиравме. Решаваа нијанси, пенали, посреќниот победи, би сакал ова да биде мотивација за сите.

Имаме уште два натпревара во првенството, пак играме со Алкалоид. Мораме ова што побрзо да го заборавиме, влогот е огромен, но верувам дека сите коцки ќе се постават на свое место и ќе се реваншираме“, изјави пикерот на Пелистер.