Левски на Серафимов загуби од Салцбург, Хофенхајм шокиран во Грција

Хофенхајм со пораз го започна настапот во новата сезона од Лига Европа, откако германскиот тим неочекувано загуби со 0-2 на гостувањето кај ОФИ Крит, додека Левски беше поразен на домашен терен од Салцбург со 0-1.

Домашниот тим поведе во 30. минута преку Аитор Канталпиедра, откако одлично искористи контра-напад. Хофенхајм во продолжението имаше поголема иницијатива, но не успеа да создаде доволно опасни шанси за израмнување.

Казната стигна во 84. минута, кога Георгиос Канелопулос го постигна вториот гол за ОФИ и практично го реши натпреварот.

Неуспешен старт имаше и Левски Софија. Бугарскиот клуб на домашен терен загуби минимално од Салцбург со 0:1.

Единствениот гол на натпреварот беше постигнат во 39. минута, кога Харис Табаковиќ го совлада домашниот голман и му донесе победа на австрискиот тим.

Македонскиот фудбалер Никола Серафимов беше надвор од конкуренција за настап поради повреда.

Фото: TSG Hoffenheim/Facebook