Алварез прави радикален потег по трансфер-сагата со Барселона

Аргентинскиот репрезентативец Хулијан Алварез размислува за голема промена во својот тим кој се грижи за неговата кариера, по турбулентното лето во кое неговото име беше во центарот на трансфер-сагата.

Според информациите на „Онда Серо“, аргентинскиот напаѓач за првпат сериозно размислува да ја прекине соработката со својот долгогодишен агент Фернандо Идалго.

Алварез летово беше силно поврзуван со Барселона, а се пишуваше и дека самиот фудбалер бил заинтересиран за преселба на „Камп Ноу“. Сепак, Атлетико Мадрид не дозволи трансферот да се реализира и Аргентинецот остана во Мадрид.

Наводно, веќе имало контакти со агенцијата „Елегант Гејм“, која ја основаше поранешниот аргентински репрезентативец Хавиер Пасторе.