Прв проблем за Барса - без стартниот голман против Севиља
Според информациите од шпанските медиуми, се очекува Гарсија да биде надвор од терените околу три недели. Тоа значи дека голманот најверојатно ќе го пропушти гостувањето кај Севиља, како и претстојната репрезентативна пауза.
Гарсија лани пристигна во Барселона и оттогаш е прв голман на каталонскиот тим. Неговото отсуство доаѓа во незгоден момент за каталонскиот клуб, кој ќе мора да се потпре на останатите голмански опции во следниот период.