Скандал по финалето: Меси го освои трофејот, па му се закануваше на комесарот на лигата (ВИДЕО)

Лионел Меси го предводеше Интер Мајами до нов трофеј, но моментот по церемонијата на доделување на пехарот привлече големо внимание.

Интер Мајами го совлада Круз Азул со 2-0 во финалето на Кампеонес купот, а Меси постигна гол и асистираше за вториот погодок на Касемиро. Со својот погодок Аргентинецот стигна до 100 гола за Интер Мајами.

Сепак, по доделувањето на трофејот, Меси му пријде на Дон Гарбер, комесарот на МЛС, а нивната средба прерасна во жестока вербална расправија. Снимките од церемонијата покажуваат дека Меси му зборува на Гарбер со видно незадоволство, при што во еден момент му гестикулираше со прстот. Не е јасно што точно му кажал аргентинскиот фудбалер. Односите меѓу Меси и Гарбер и претходно беа тема во американските медиуми. Во август 2025 година МЛС го суспендираше Меси на еден натпревар поради неговото отсуство од Ол-стар натпреварот, а Гарбер тогаш јавно ја бранеше одлуката на лигата за што, очигледно, Меси му замерил.

 

 

По победата над Круз Азул, Меси го освои четвртиот трофеј со Интер Мајами. Клубот претходно ги освои Лигс купот во 2023 година, Сапортерс шилд во 2024 и МЛС купот во 2025 година.