Скапото промашување на Вардар потпиша за клуб од Украина

Eдно најскапите промашувања во историјата на Вардар, Жерсон Родригез неколку недели по заминувањето од Вардар си најде нов клуб и ќе игра во Украина.

Екипата на Зорја преку социјалните мржеи потврди дека потврди дека потпишала договор со поранешниот репрезентативец на Луксебург.

Епизодата на Жерсон во македонскиот шампион неславно заврши откако беше најавен како огромно засилување тој си замина по само три месеци со вкупно шест одиграни натпревари во сите натпреварувања во кои забележа по еден гол и една асистенција.

Во Зорја пристигна како слободен играч без оштета откако претходно го раскина договорот со најтрофејниот македонски клуб.

Украина не е непозната дестинација за него бидејќи во минатото го носеше дресот на Динамо Киев.