Јакин ги избра фудбалерите, Швајцарија доаѓа со: Џака, Емболо, Аканџи...(ФОТО)
Списокот на Јакин го предводи искусниот Гранит Џака, тука се уште: Мануел Аканџи, Рикардо Родригез, Брил Емоболи и Ремо Фројлер.
Македонија и Швајцарија досега никогаш претходно не се сретнале, ниту на официјален, ниту на пријателски натпревар, па дуелот на 26 септември ќе биде прв меѓусебен.
Натпреварот на арената „Тодор Проески“ е закажан во терминот од 20:45 часот.
