Верстапен се тркаше со картинг: Тргна последен од 101 возач и победи (ВИДЕО)

Макс Верстапен доби еден необичен предизвик во картинг-трка на Силверстоун каде што тргна последен од 101 возач и имаше задача до најмногу 30 круга да ги помине сите 100 противници пред него.

Против себе Холанѓанецот имаше: новинари, инфлуенсери, стримери, инжењери и професионални возачи.

Уште на стартот, Верстапен лесно се справи со возачите пред него и по првиот круг веќе дојде до 37-то место. До шестиот круг влезе меѓу најдобрите десет, а во деветиот пред себе имаше само уште тројца кои добро се држеа неколку кругови.

Сепак, Верстапен во 14-тиот круг го помина и последниот противник и победи за само 35 минути.