Алкараз обезбеди место на завршниот Мастерс
За Алкараз ова ќе биде петти последователен настап на турнирот на кој учествуваат осумте најдобри тенисери во сезоната.
Шпанецот сè уште ја нема освоено титулата во Торино. Минатата година стигна до финалето, но загуби од Синер.
Иако веќе ги има освоено сите четири Гренд слем турнири, трофејот од завршниот Мастерс останува еден од ретките што му недостигаат во богатата колекција.