Рафиња блеска на стартот на сезоната, дури го собори и рекордот на Меси

​Рафиња продолжува да воодушевува со своите настапи и голови. Бразилецот постигна хет-трик и стигна до неверојатни 11 гола на првите седум натпревари во сезоната.

Со тоа, Рафиња го надмина клупскиот рекорд кој беше сопствеост на Лионел Меси од сезоната 2012/13, кога Аргентинецот постигна 10 гола на првите седум меча.

Бразилецот одлично се снаоѓа и на позицијата најистурен напаѓач, а неговата голгетерска форма му донесе ново место во историјата на Барселона. Во моментов тој е и прв стрелец во шпанското првенство со девет гола, два повеќе од Мбапе и Јамал.

Од досегашните седум меча на Барселона во сите натпреварувања, бразилскиот фудбалер не успеа да постигне гол на само еден.