Халанд плати 120.000 евра за книга, па доби необична награда
Најдобриот норвешки фудбалер и 26-годишен напаѓач на Манчестер Сити не присуствуваше на свеченоста, па во негово име наградата ја примија неговата 12-годишна сестра Нора и две години постарата Софи.
Во текот на оваа година Халанд ја купи најскапата книга во историјата на Норвешка. Тој издвоил 120.000 евра, односно 1,3 милиони норвешки круни, за првото печатено норвешко издание на „Кралските саги“, дело на исландскиот писател, историчар, поет и хроничар Снори Стурлусон.
Халанд го помина детството во Брина, каде што и ги направил првите фудбалски чекори, а неодамна финансираше и отворање и библиотека во овој град.
Под негово покровителство ќе се организира и натпреварување во читање за основните училишта во областа Рогаланд. Победничкиот клас ќе биде поканет на еден репрезентативен натпревар во Осло, а Халанд ќе ги покрие сите трошоци поврзани со превозот, сместувањето и престојот за време на натпреварот.