Зидан мисли на сите детали, врати готвач со кој Франција стана светски шампион

Новиот селектор на француската репрезентација, Зинедин Зидан, го комплетираше својот стручен штаб со ангажман на италијанскиот готвач Роберто Фалво.

Веста не е толку големо изненадување, ако се знае дека шефот Роберто Фалво беше дел од стручниот штаб на француската репрезентација и во времето кога Зидан беше фудбалер. Тој беше со националниот тим кога Французите во 1998 година станаа светски шампиони.

Зидан со години е чест гостин во семејниот ресторан на Фалво, „Да Анџелино“, а двајцата со текот на годините станале и големи пријатели. Токму на шефот Фалво, Зидан му ги подарил копачките со кои играше во финалето на Светското првенство во 2006 година.

Зидан ја презеде француската репрезентација ова лето, откако Дидие Дешам по 14 години ја напушти селекторската функција. Своето деби на клупата на Франција ќе го има на гостувањето кај Турција на 25 септември во рамките на Лигата на нациите.