Напаѓач се соочува со суспензија - даде гол, па прослави со „сечење глава“ (ВИДЕО)
Брунер избегна моментална казна бидејќи Дисциплинската комисија на Француската професионална фудбалска лига за неговиот случај ќе расправа дури во среда. Тоа значи дека евентуалната суспензија може да стапи на сила дури по претстојната репрезентативна пауза, па 20-годишниот напаѓач ќе му биде на располагање на тренерот за дуелот со Ленс.
Инцидентот се случи на натпреварот во Стразбур, каде што Брунер по постигнувањето на израмнувачкиот гол кон домашните навивачи направи гест со кој симулираше сечење на глава.
🇫🇷⚽️ Qui a vu ce coup de canon de Paris Brunner ? Quel but marqué par ce garçon ce soir face à Strasbourg ! 😍👌 https://t.co/D1OoeoOfy2
— Jenovic Mbowa (@jenovicmbowa1) September 12, 2026
Младиот германски репрезентативец подоцна се извини и објасни дека бил совладан од емоциите бидејќи од трибините го навредувале неговото семејство.
„Немав намера да покажам непочитување“, изјави тој.
И покрај тоа, Националниот етички совет го проследи случајот до Дисциплинската комисија.