Удар по Зверев: Не можам да ги гледам неговите мечеви - финалето беше потпросечно!
Тој во интервју за весникот „Де Телеграф“ отворено го искоментира квалитетот на финалето, истакнувајќи дека воопшто не го привлекува тенисот кој го прикажува новиот шампион. Холанѓанецот оцени дека финалната пресметка била далеку од врвно ниво и дека Шелтон подлегнал на притисокот од својата прва борба за големиот трофеј во кариерата.
„Очекував да победи против Шелтон. Поранешните дуели веќе покажуваа дека сè оди во корист на Зверев. Натпреварот ми изгледаше прилично просечно. Шелтон играше многу нестабилно и подаруваше по два или три бесплатни поени во секој гем. Тука се гледа што првото грен слем финале може да му направи на играчот. Зверев не беше исклучителен, но сервираше многу добро. Тај-брејкот од вториот сет беше пресуден“, изјави Грикспор.
Холанѓанецот во продолжение призна дека следењето на натпреварите на германскиот тенисер му е исклучително напорно, пред сè поради неговите познати и долги рутини при изведувањето на почетниот удар.
„Финалето на УС Опен го гледав со прескокнување. Имаше други спортови на телевизија, а мене ми е едноставно исклучително тешко да гледам натпревар на Зверев“, дополни тој.