Едниот голман асистира како Меси, а другиот голман - киксна како пацер (ВИДЕО)

Екипата на Фламенго се пласира во полуфиналето на Копа Либертадорес, откако синоќа ремизира против еквадорскиот состав Индепендиенте дел Ваље (1-1), резултат кој беше доволен за елиминација на противникот во четвртфиналната фаза.

Со овој успех, овој тим стана третиот бразилски претставник меѓу најдобрите четири екипи на јужноамериканскиот континент. Синоќешниот натпревар беше одбележан од извонредниот потег при постигнувањето на единствениот погодок за домашниот тим. Голот на голгетерот Араскаета ќе остане долго запаметен по неверојатната асистенција која ја забележа голманот на Фламенго, Роси, но и киксот на неговиот колега од спротивната страна.

Во битката за големото финале, Фламенго ќе ги одмери силите со аргентински Естудијантес. Аргентинскиот клуб претходно го елиминираше Коринтијанс, со што ја спречи можноста сите четири полуфиналисти во битката за титулата во Јужна Америка да бидат од Бразил. Втората полуфинална двојка ја сочинуваат бразилските ривали Флуминенсе и Палмеирас.