Манчестер сити со „петарда“ го разнесе Норич во Лига Купот

Поранешниот англиски шампион Манчестер сити славеше со 5-0 против Норич и обезбеди осминафинале во Лига Купот.

„Граѓаните“ тргнаа фуриозно во натпреварот, па во првото полувреме стрелаа преку Самба и Шерки.

Гигантот од Манчестер продолжи да ја контролира играта во вториот дел, па до крајот на мечот постигна уште три гола, и тоа преу Алан Елиас, Самба и МекАидо.

Екипата на Енцо Мареска во осминафинале на Лига Купот ќе се соочи против Брајтон.

Фото: Facebook/Manchester City