Ивановски по голема борба елиминиран од турнирот во Златибор
Ивановски имаше лош почеток на мечот и освои само еден гем во првиот сет (1-6), но затоа во следниот заигра подобро и славеше со 6-4.
Табата во третиот сет беше подобар од Ивановски, па со 10-6 стигна до победата и пласман во следната рунда.
Ивановски следната недела ќе настапи на турнир во Чешка.