Стерлинг призна вина пред суд и може да заврши во затвор!
Стерлинг призна вина за опасно возење, поседување азотен оксид и одбивање да даде примерок за анализа. Случајот се однесува на инцидентот од 28 мај, кога фудбалерот со својот „Ламборџини Урус“ доживеа сообраќајка на автопат.
Пред судот било презентирано видео од камера во друг автомобил, на кое се гледа како возилото на Стерлинг се движи небезбедно меѓу лентите. Според обвинителството, сведоци пријавиле дека виделе како возачот користи азотен оксид додека управувал со автомобилот.
По инцидентот, полицијата го затекнала Стерлинг во возилото, а во автомобилот биле пронајдени канистри со азотен оксид.
Обвинителството процени дека случајот е во најсериозната категорија на опасно возење, за која законски е предвидена можност за затворска казна до две години.