Мурињо го има неговиот најдобар старт во Ла Лига со Реал Мадрид!
По шест одиграни натпревари, „кралскиот клуб“ има освоено 15 бодови, односно пет победи и еден пораз. Такво нешто Мурињо досега немал по првите шест првенствени натпревари во ниту една од своите сезони на клупата на Реал Мадрид.
Интересно е што Мурињо уште по првите три кола го имаше својот најдобар старт, со максимални девет бодови. Во сезоните 2010/11, 2011/12 и 2012/13 Португалецот не успеа да оствари три победи по ред на самиот почеток на шампионатот.
„Кралскиот клуб“ славеше против Еспањол (2-1), Реал Сосиедад (4-1), Малага (4-0), Рајо Валјекано (4-1) и Елче (3-2), додека загуби од Бетис со 0-1.
Фото: Facebook/RealMadridCF