Го уништи Вардар и стана МВП на колото во ЛШ! (ВИДЕО)
Леполд одигра натпревар на највисоко ниво и од 16 обиди постигна 13 гола со што беше убедливо најфикасен во својата екипа. Зад него следеа Тарафета и Торнат со по четири погодоци.
Тој беше стрелец и на решавашчиот гол од седмерец за победа на Нант на 15 секунди пред крајот. Таквиот негов настап беше доволен и ЕХФ да го избере за МВП на првото коло од ракометната елита.