Дерби кое се чека 14 години: Утре Лондон ќе гори, распоредени се 400 полицајци!

Викендов во Англија се игра дербито кое во Лондон се чека цели 14 година, Вест хем му го стува на лутиот ривал Милвол утре во терминот од 13:30 часот.

Ова озогласено лондонско дерби последен пат се играше во 2012 година и тој натпревар заврши без голови, а навивачите на Милвол со нетрпение го очекуваат уште од крајот на минатата сезона кога стана јасно дека Вест хем ќе испадне од Премиер лигата и ќе се пресели во Чемпионшип.

Лондонската полиција веќе ги почна подготовките за да се обиде да ги спречи ултрасите на двата тима да влезат во судири. Според најавите околу 400 полицајци ќе бида распределени на улиците во југоистичен Лондон.

Судирите меѓу двете хулигански групи беа синоним за фудбалската култура во Лондон од 1970-тите до почетокот на 2000-тите. Во 1986 година, навивач на Вест Хем беше убиен од поддржувач на Милвол.

На натпреварот во 2009 година, еден човек беше избоден со нож. По голот на Вест Хем, дел од навивачите влегоа на теренот, по што следуваа апсења. По натпреварот, полицијата за сузбивање нереди беше распоредена на „Грин Стрит“, во близина на поранешниот стадион на Вест хем, „Аптон Парк“, поради страв од нови инциденти. Ривалството меѓу двата клуба стигна и на големото платно преку филмот „Green Street“ од 2005 година.

Кога е табелата и формата во прашање Вест хем во овој моемнт е прв со 14 бода по седум кола додека Милвол е 11-ти со десет освоени бодови.