Светнаа рефлекторите на „Петар Милошевски“, Битола е подготвена за ноќни натпревари! (ФОТО)

Стадионот на Пелистер, „Петар Милошевски“ ја доби очекуваната надградба, во употреба се пуштени рефлекторите, отсега ќе може да се играат ноќни натпревари. 

Заврши проектот за осветлување на стадионот во Битола, на бетонски столбови долги околу 50 метри се поставени повеќе од 250 светилки кои го осветлуваат теренот и трибините.

Пелистер отсега ќе има услови да биде домаќин на натпревари во вечерен термин.