Фиорентина го преживеа Клуб Бриж и ќе игра финале во Конференциската лига (ВИДЕО)

Фудбалерите на Фиорентина вечерва одиграа 1-1 против Клуб Бриж и така ја задржаа предноста од првиот меч (3-2) со што изборија пласман во финалето на Конференциската лига.

Ванакен погоди во 20. минута за предност на Клуб Бриж, а резултатот не се менуваше сè до 85. минута кога Белтран погоди за 1-1 и го израдува гостинскиот состав.

Фиорентина по вторпат во историјата ќе игра во Конференциската лига, откако лани беше поразена од Вест хем со 1-2.