Дејвис го шокира „Сантијаго Бернабе“, Шпанците веднаш вратија, ама – за џабе (ВИДЕО)

Екипата на Баерн Минхен направи голем исчекор кон пласман во финалето од Лигата на шампионите, откако кон средината на второто полувреме поведе на гостувањето кај Реал Мадрид, откако првиот меч заврши со 2-2.

Јунак во таборот на Баварците беше Алфонсо Дејвис, кој во 68. одлично заврши една соло акција, во ситуација кога влезе како резервист во 27. минута на местото на повредениот Гнабри.

„Кралевите“ само три минути подоцна ја затресоа мрежата на противникот, но нивната радост не траеше долго бидејќи голот беше поништен. Причина за тоа беше прекршокот на Начо врз Кимих пред завршницата по која топката влезе во мрежата.