Тренер кој работеше 27 години во Челси доби доживотна суспензија!

Англиските медиуми објавија дека тренерот Гвин Вилијамс кој работел на различни позиции во Челси во период од 27 години добил доживотна суспензија.

Фудбалската асоцијација на Англија ја изрекла казната уште во 2019 година, но истата сега била објавена во јавност.

Вилијамс е суспендиран поради расизам и малтретирање на млади фудбалери до 12 години, па повеќе не смее да се занимава со фудбал.

Англичанецот во текот на престојот на „Стемфорд бриџ“ работел како скаут, помошник-тренер, како и други улоги.