Олимпијакос ја освои Каталонија и третпат по ред ќе игра на Ф4 во Евролигата!

Кошаркарите на Олимпијакос како гости ја совладаа Барселона (63-59)„мајсторката“ од четвртфиналето и со тоа да се пласира на фајналфорот на Евролигата, што ќе биде трето по ред за овој клуб.

Како важноста на играта да им ги врзуваше рацете на играчите на двата тима, па се забележаа многу малку поени. Во таков натпревар грчкиот клуб подобро се снајде. Шакил Мекисик беше најефикасен кај победниците со 12 поени, Никола Милутинов забележа дабл-дабл од по 10 поени и скокови. Филип Петрушев го заврши натпреварот со пет поени. На другата страна двоцифрен беше единствениот Николас Лапровитола со 17 поени.

На завршниот турнир уште се најдоа Реал Мадрид, Панатинаикос и Фенербахче.