Салах со хет-трик и асистенција го уништи Галатасарај! (ВИДЕО)

Египетскиот репрезентативец Мохамед Салах беше главна ѕвезда во дербито меѓу Трабзонспор и Галатасарај, при што постигна хет-трик и асистенција (4-0) во шестото коло од турската Суперлига.

Салах уште во четвртата минута му донесе предност на Трабзонспор, а во 39. минута повторно беше во главна улога откако му асистира на Савиолo за водство од 2-0.

Ѕвездата на Трабзонспор тука не запре бидејќи набрзо постигна и втор гол за 3-0 во големото дерби, додека хет-трикот го комплетира во 80. минута од дербито.

Фото: Facebook/Trabzonspor