„Три од три“ за четата на Лазаров: Алкалоид безмилосно го „разнесе“ Куманово
Екипата од Автокоманда го диктираше темпото од самиот почеток и на полувреме замина со предност од седум голови (16-9).
Избраниците на Кире Лазаров го засилија ритамот во вториот дел и продолжија да ја полнат мрежата на противникот до конечни 37-21.
Најефикасен во победничкиот тим беше Дамјан Митев со шест голови, додека Наум Костов погоди девет пати за Куманово.
Фото: РК Алкалоид/Facebook